август 5, 2021

Мицкоски: Двоецот Заев – Бучковски се најголем дар за бугарските позиции

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук јавно го повика премиерот Зоран Заев да каже што содржи документот што, според него, заедно со Владо Бучковски го преговара со официјална Софија за добивање на датум за одржување на првата меѓувладина конференција и одблокирање на процесот на преговори за членство со Европската Унија (ЕУ).– Зоран Заев денеска вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите што ги води двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија за потпишување на уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик. Двоецот Заев-Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии, тие се најдобриот дар за бугарските позиции. Сето ова се случува додека дневниот криминал продолжува, а сиромаштијата се зголемува, напиша, меѓудругото, Мицкоски на својот Фејсбук профил.Опозицискиот лидер истакна дека „секогаш и секаде се бори за националните интереси“ и според него, „се што зборуваше Заев во интервјуто на БГНЕС, сега многу лесно се дозволува да биде предмет на договорот кој се преговара“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •