јуни 21, 2021

Искористете го денот максимално, бидејќи ни доаѓа големо разочарување – еве какво време не очекува викендов

Времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •