октомври 22, 2021

Заев: Немам нешто посебно да коментирам за куќниот притвор на Рашковски

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека нема што да искоментира за одлуката на Апелација да му го замени притворот на Рашковски со куќен притвор.

-Знам дека е заменет од притворот во затвор во притвор домашен. Одлуката е донесена вчера, таа е соопштена. Се уште постојат постапки, жалби и слично, право на двете страни. Немам нешто посебно да коментирам. Знам дека беше повеќе од 40-ина дена во притвор, рече Заев во одговор на новинарско прашање да даде коментар за куќниот притвор на Рашковски.

Вчера Апелациониот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да излезе од истражниот затвор „Шутка“ и да оди во куќен притвор.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •