август 5, 2021

Заев и Шилегов во акција за чистење под Скопско Кале

По повод Светскиот ден на заштитата на животната средина, Градот Скопје организира акција за чистење на реонот под Кале.Во акцијата ќе се вклучат премиерот Зоран Заев и градоначалникот Петре Шилегов. Ќе се чисти областа каде порано беше сместен сообраќајниот полигон за обука на возачи. Чистењето ќе вклучи отстранување на дивите депонии на чие место ќе се засадуваат нови садници.Овој реон порано беше познат како место за ,,Старо купујем“ а потоа нечесто беше ,,населувано“ од бездомници. Акцијата почнува во 10 часот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •