октомври 21, 2021

КРМОВ: АКО АСНОМЦИТЕ И ПАРТИЗАНИТЕ БИЛЕ НАЦИОНАЛИСТИ И ФАШИСТИ – ТОГАШ И НИЕ СМЕ НАЦИОНАЛИСТИ И ФАШИСТИ! (ВИДЕО)

Крмов во одговор на новинарски прашања на прес конференцијата за Предлог-законот за државјанства:

„За каков национализам бевме обвинети ние од Алијанса и Алтернатива – тука зборуваме за партија што мавташе со знамето на Голема Албанија на избори. Го поддржаа протестот за „Монструм“, кадешто на луѓе не им беше дозволено на македонски да се обратат, кадешто се скандираше „етничка Албанија“. Ние ли сме националистите!? Левиот патриотизам и АСНОМ се вградени во кредото на Левица, вие можете да ги отворите нашите основачки документи и тоа ќе го видите. Ако АСНОМЦИТЕ, ако Партизаните биле националисти и фашисти – тогаш и ние сме националисти и фашисти!“

ВИДЕО

ЛевицаОдПарламент

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •