ЕУ е корумпирана бирократија која раѓа нацизам. Точка

Ова на ТВ нема го чуете. Кај нас се забранети теми кои ја откриваат вистината за ЕУ,. Затоа да учиме за ЕУ, оти на таа пара што ја земам од Русите, морам да ве попишманам. Значи…
Сите гласања во ЕУ се однапред договорени според ексклузивниот интерес на најмоќната држава во неа, која изгуби две големи војни за денес да ги држи за јајца сите. Европскиот парламент е обичен циркус без никаква моќ. Европската комисија има улога на влада, но работи по диктат на банкарите од Франкфурт. Исто и централната европска банка мора да добие амин од тие банкари, зашто нејзиното основање беше под услов. Важи, ние ќе го изедначиме еврото со марката и ќе се откажеме од неа, но вие ќе јодлате по наша желба.
Е сега ко го научивме ова ќе кажеме. Секоја шупак држава што станува дел од ЕУ, за брзо станува уште поголем шупак кога ќе се свитка пред барањата на тие банкари штом понудат бејлаут на државата во колапс. Тоа им се случи на Грција Италија, Португалија… Овој бејлаут народот на шупакот држава го купува со ѕверски мерки за штедење и скратување од кои страдаат најсиромашните.
Звучи паушално, но авторите од кои сум го учел ова се супер реномирани. Не се пензионирани агенти на ЦИА, КГБ или отпуштени од Бил Гејтс па сега му се одмаздуваат преку видео клипчиња.
А не ги цитирам зашто е безврска на вакви мрежи каде се постираат пар гзови и цицки на плажа, пинџурот во кафана со ракијата и извозените километри со точак, ние да глумиме катедра.
Може некој ќе дека сум жесток противник на ЕУ ваква каква што е, но само ќе кажам, ЕУ нема никаква врска со Европа и нејзините вистински културни вредности. ЕУ е корумпирана бирократија која раѓа нацизам. Точка.