ноември 26, 2021

Апасиев: На следните избори ќе имаме многу повеќе пратеници и многу повеќе ресурси за блокада (видео)

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во Дневникот на Сител изјави дека неговата партија во Собранието ќе ги блокира сите Закони кои се поврзани со, како што рече, урбана мафија, етнотрибализам и шовинизам и со феудализација, односно приватизација на земјиште.

„Секој Закон кој ќе дојде во Собрание ќе биде блокиран од наша страна бидејќи тоа е уништување на државноста, уништување на Републиката и тоа не смее да помине, барем додека има пратеник на Левица во Собрание. А, на следните избори ќе имаме многу повеќе пратеници и многу повеќе ресурси за блокада“, вели Апасиев.

Сепак, тој рече дека блокадата не е начин на работа на Левица. Вели дека тој и неговиот колега Борис Крмов досега го блокирале само донесувањето на Деловникот и Законот за лични карти.

Маратонските говори ги револтираа пратениците на албанската опозиција кои вчера побараа да зборува поконкретно за амандманите за измените на Законот за државјанство.

Сподели
 
 
 
   more