јуни 19, 2021

Со „Нордвинд“ од утре директна авиолинија Скопје – Москва

Отворањето на новата авиолинија официјално ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои ќе го дочекаат првиот лет од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје.

Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај годинава, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти тогаш, епидемиолошката состојба.

Новата линија ја поздрави и директорот на ТАВ Македонија, Батак.

„Во ТАВ Македонија сме многу среќни што ‘Нордвинд‘ одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Република Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини“, изјави Батак.

Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд“, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14.45 часот и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17.10 часот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •