октомври 20, 2021

Лажна наградна игра на Кока-кола се шири на социјалните мрежи

Линк со учество за наградна игра денеска цел ден се споделува на социјалните мрежи и се уште е активен, иако компанијата соопшти дека оваа страница е лажна.

-Денес, 2 Јуни, 2021, Вие сте многу среќни што сте избрани за нашето истражување. За само една минута, ќе добиете прекрасна награда! Подготвивме неколку награди за оние кои учествуваат во истражувањето. Вие само имате 4 минути и 20 секунди, да одговорат на оваа анкета! Побрзајте, бројот на достапни награди е ограничен!, се вели во пораката на која потоа се бара од читателите да одговорат неколку прашања.

На официјалната Фејсбук страница на Кока-Кола Република Македонија на граѓаните им соопштија дека станува збор за лажна страница и дека компанијата не спроведува никакво истражување, ниту наградна игра.

-Во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување, се вели во објавата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •