ЕУ денеска ќе префрли уште 80 милиони евра за Македонија

Европската Комисија на ЕУ објави дека денеска ќе бидат испратени дел од ветените суми макроекономска помош за Македонија, јави МИА од Брисел. За нашата земја ова е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош.
Станува збор за средства во рамки на фондот од трите милијарди евра макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ.
Освен Македонија, 50 милиони евра ќе добие Косово, 30 милиони ќе бидат за Црна Гора, а 300 милиони евра ќе добие Тунис.
Еврокомесарот за економија, Паоло Џентилониова го искоментира како „конкретен чекор напред“ во борбата против Ковид-19 и неговите последици.
ЕК информираше дека земјата ги исполнила условите за ослободување на последната транша во смисла на зајакнување на фискалното владеење и транспарентност, борбата против корупцијата, подобрување на супервизијата во финансискиот сектор како и на бизнис климата и справување со невработеноста на младите.