ноември 29, 2021

БИСЛИМОСКИ: НА СМЕТКА ЗА СТРУЈА ОД 1.000 ДЕНАРИ ПОСКАПУВАЊЕ ОД 50 ДЕНАРИ – БАРААТ ТРИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ

„Ќе има нова цена на електричната енергија, барање за цени доставија и од МЕПСО, и ЕСМ, и МЕМО и ЕВН хоум. Не можеме сега да кажеме дали ќе има поскапување на цената на електричната енергија, но кон крајот на наредната недела ќе го знаеме тој дел што го регулираме, колку ќе биде тарифата за пренос, тарифата за дистрибуција, и колку ќе биде за операторот на пазарот, а во зависност од цената што ќе ја понуди ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), Регулаторна трошокот ќе го преслика. МЕПСО бара зголемување на својата услуга за 143%, Електродистрибуција за дистрибуција бара зголемување за 0.95 %, а МЕМО бара зголемување на својата услуга за 45%. Доколку ги ставоме сите нивни барања, на сметка од 1.000 денари, сметката ќе се зголеми за 50 денари. Гарантирам дека овие нивни барања во целост нема да бидат прифатени“ – вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во Студио 10 на ТВ24.

Сподели
 
 
 
   more