септември 22, 2021

Јанша: Ако ЕУ не се прошири, некој друг ќе се прошири

Опоравувањето по пандемијата со Ковид-19 и проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан се меѓу клучните предизвици на Унијата, изјави денеска словенечкиот премиер Јанез Јанша.

– Ако ЕУ не се прошири, некој друг ќе се прошири, предупреди Јанша во говорот пред словенечките дипломати во пресрет на почетокот на шестмесечното словенечко претседателство со ЕУ на 1 јули.

Словенија, која ќе одржи неформален самит ЕУ-Западен Балкан на почетокот на октомври, е особено важна заради нејзината близина до регионот, а проширувањето на ЕУ, рече премиерот, треба да биде одговор на стратешките и безбедносните предизвици на третите актери.

– Меѓу нив е и Турција, која се обидува да го забави проширувањето на ЕУ на Балканот, рече Јанша.

Говорејќи за пандемијата, Јанша рече дека ниту една земја не е подготвена за тоа и дека глобалистичката идеја дека „она што не можете да го обезбедите во вашата земја, можете да го добиете поевтино на светскиот пазар“ се покажа како илузорно.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •