септември 24, 2021

Филипче: Споредбите на ВМРО помеѓу нашиот клинички и тој во Белград е споредба на баби и жаби

Министерот за здравство Венко Филипче по вчерашните обвинувања од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека изградбата на нашиот клинички центар и клиничкиот центар во Белград се две различни работи

Според Филипче разликата е во тоа што во Белград веќе постои изграден објект кој не е во функција, додека најавениот клинички центар кој треба да се гради кај нас е неколкукратно поскап од тој што ќе се гради во соседна Србија, затоа што станува збор за изградба од почеток.

– Зградата во Белград со години е празна и властите во Србија одлучија сето тоа да го реновираат и да го опремат. Не станува збор ниту за нова градба ниту за капацитет каков што ние планираме. Станува збор за споредба на баби и жаби. Како неколку пати досега, повторно ги повикувам од опозицијата да соработуваат за овој проект, дури им предложивме они да го надледуваат, затоа што ова е решение на долг рок и ќе биде од користи за сите граѓани – рече Филипче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •