август 5, 2021

Филипче за во јуни најавува 190 илјади дози „Фајзер“ и 500.000 „Синовак“

Министерот за здравство Венко Филипче очекува во јуни во земјава да пристигнат вкупно 190 илјади дози од вакцината „Фајзер“, 110 илјади преку Ковакс механизмот и 80 илјади дози кои земјава ги нарачала од компанијата преку директни преговори.

Освен вакцините на „Фајзер“ се очекуваат донации и од Бугарија и од Грција од 70 илјади дози на вакцината „АстраЗенека“ којашто засега се аплицира само кај лица постари од 60 години. Овој месец би требало да стигнат и 500 илјади дози од кинеската вакцина „Синовак“, којашто Светската здравствена организација денеска ја одобри за итна употреба.

Според СЗО, оваа вакцина штити од тешка форма на болеста и хоспитализации 100 отсто иако имаше информации дека оваа вакцина не е толку ефикасна како другите.
-Апсолутно сите вакцини се безбедни и ефикасни, изјави Филипче во емисијата Топ Тема на Телма.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •