септември 28, 2021

Карта на исламот во Австрија: Раздор во општеството или игнорирање на проблемите

Градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг ја критикуваше „картата на исламот“ која минатата недела ја претстави министерката за интеграции Сузана Раб.

Тој истакна дека картата придонесува на создавање раздор во општеството.

„Принципиелно ја отфрлам стигматизацијата на верите“, истакна Лудвиг за виенскиот весник Стандард.

Тој истакна и дека „картата на исламот“ не придонесува на интеграцијата, туку поттикнува на раздор во општеството.

„Јасно се определувам за соживот со почитување на сите во нашиот град и нашата земја“, истакна Лудвиг.

Министерката Раб поради ова му префрли на Лудвиг „водење на политика на ној“, односно избегнување на одговорноста.

„Наместо, како главниот град, да ги игнорираме проблемите и реалноста, мене ми е важно да создадам транспарентност“, објасни министерката Раб.

Кажа дека владата прави разлика меѓу исламската вера и установите кои поттикнуваат интеграција, како и политичкиот ислам и проблематичните струи и идеологии.

Додаде дека картата, која ја изработиле експерти, покажува каде се наоѓаат џамиите со кои управуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган или екстремистичката група Сиви волци, каде се шират турската националистичка идеологија и антисемитизмот.

Претходно Исламската младина на Австрија (МЈО) го критикуваше актот на министерката Раб и најави правни мерки.

И Виенскиот универзитет побара од картата да се тргне нивното лого, укажувајќи дека не стојат зад тој документ на кој работеле експерти од универзитетот.

На „картата на исламот“ се наведени повеќе од 600 муслимански здруженија и организации, како и приватни адреси.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •