август 5, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Србија гради клинички за 125 милиони евра, за ист таков Заев и Филипче сакаат да „стопат” пола милијарда евра

Најкорумпираната влада во Европа, предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче сакаат да градат клинички центар што ќе чини повеќе од половина милијарда евра. Тоа е четири пати повисока цена од оној што во моментов се гради во Србија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој што се гради во Србија и е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар и чини верувале или не 125 милиони евра.

Тоа е четири пати пониска цена од она што сака најкорумпираната влада во Европа, владата на Заев да го потроши за клинички.

Ова што го планираат Заев и Филипче е само пљачка на народот.

Ова што го планираат Заев и Филипче е уште еден криминал во низата на Заев и Филипче.

Тие трчајќи по провизии и заборавајќи на граѓаните и нивното здравје го оставија на страна проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички, а ако продолжеа со истиот сега ќе беше готов.

Заев и Филипче не прават ништо друго освен што го ставаат на коцка здравјето, но и животот на граѓаните.

Четири години украден живот. Доста е!

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка на народот!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •