јуни 22, 2021

Отфрлен предлогот државјанство да се добива со сведоци

Законот за државјанство се подобрува со амандмани. 

Комисијата за одбрана и безбедност денеска ја почна седницата на која треба да се одржи амандманската расправа за измените и дополнувањата на Законот за државјанството, по скратена постапка, поднесен од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива. За законот, се подготвени десетина комисиски амандмани, по разговорите на пратениците и претседателите на СДСМ и премиер Зоран Заев и на АА и Алтернатива, Зијадин Села. Претседателот на Комисијата Миле Талевски ја прекина седницата и побара најавените амандмани од АА и Алтернатива да бидат доставени до пратениците, а продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повлекле поднесените 548 амандмани. Но, пратениците од оваа партија побараа за законот да се одржи јавна расправа на која ќе се повикаат сите релевантни чинители и да биде изграден заеднички став дали предлозите се сериозни и може да се предложат амандмани. По неколку месечни договори меѓу СДСМ и Алијанса на Албанците и Алтернатива произлегоа 10 амандмани за законот. Се отфрла првичниот предлог државјанство да се добива по пат на сведоци. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •