октомври 23, 2021

Хрватска: Пожарникари сè уште го гаснат пожарот во кој изгореа повеќе бродови (видео)

Хрватските пожарникари сè уште се на терен и го гаснат пожарот кој синоќа избувна на пристаништето во Каштел Гомилица, јавуваат хрватските медиуми.

На терен се десетина пожарникари со три возила и брод. Пожарот опфатил пет бродови, а штетата, според првичните информации е огромна.

-Станува збор за големи површини од пластика. На терен пристигна и багер кој ќе се обиди да го отвори бродот за да може да се влезе и целосно да се изгасне огнот. Повредени нема. Ова е огромна штета, станува збор за милионска штета. Пет брода се целосно уништени, а беа зафатени и неколку други, изјавиле од Доброволното противпожарно здружение за ХРТ.

Пожарот како што пренесоа синоќа медиумите, избувнал вчера околу 20:15 часот на еден од бродовите, а потоа се проширил и на околните.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •