септември 28, 2021

Три години по Преспанскиот договор: што понатаму?

Пишува: Љупчо Коцарев – Претседател на МАНУ

Очигледно, Преспанскиот договор ја протри волшебната ламба и духот од ламбата праша за три жeлби, кои, по три години, јасно се воочуваат. Од трите желби, кои ги понуди духот, втората е веќе реализирана. За дел од македонските политичари и нивните гласноговорници, третата желба треба, за жал, да се оствари што поскоро (заради официјално започнување на преговорите за членство во ЕУ). И конечно првата желба, полноправно членство во ЕУ, која, впрочем, е една од причините за постоењето на Преспанскиот договор, можеби ќе се оствари во некоја многу далечна иднина. Но доколку се случи тоа, тогаш сигурно тоа нема да биде за македонска Македонија.

Преспанскиот договор имаше за цел членство во ЕУ и во НАТО. Неговата ратификација беше имплементирана со промената на македонскиот Устав и структурата на владеење во Македонија, а дел од меѓународната и домашна јавност, тогаш избрзано заклучи: „Историски договор, победа на разумот над национализмите, пример за политичка храброст и визија“. Но, подоцна, се појави барањето за промена на генезата на македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Очигледно, Преспанскиот договор ја протри волшебната ламба и духот од ламбата праша за три жeлби, кои, по три години, јасно се воочуваат.

Прва желба – полноправно членство во ЕУ

Водејќи сметка за тековната геополитичка карта на светот и предизвиците со кои се соочува ЕУ, првата желба повеќе се восприма како бесконечно далечна желба, а многу помалку како дофатлива стварност. Инаку, токму заради првата желба, договорот се „провлече“ во сомнителни, за многумина нелегални, неуставни околности. Според мене, а имајќи ги предвид забелешките на експертите, тој за Македонија е многу повеќе штетен отколку користен, а јас лично би бил најсреќен доколку грешам во оваа констатација. Официјалното започнување на преговорите повеќе ќе има симболично значење со единствена цел: одржување на тековното владеење. Се плашам дека поддршка што ја добиваме деновиве од ЕУ и од САД за нашиот јазик и идентитет и за почеток на преговорите со Унијата, нашите политичари ќе ја трансформираат во обична борба за власт, сервилност и користољубие. Нарцисоидноста, ароганцијата, непромисленоста и некомпетентноста за носење геостратегиски одлуки на нашите политичари, долга низа години е погубна за иднината на Македонија. Се проценува дека во изминатиов период околу 33 отсто од европското право се веќе пренесени во нашиот правен систем. Меѓутоа, нема потреба од инсистирање за членство во ЕУ по секоја цена, дури и тогаш кога, на пример, 90 отсто од европското право ќе бидат имплементирани во Македонија.

Втора желба – политичка хегемонија

Постојат два модели на демократија: мнозински и консензуален, за што пишував неодамна во „Нова Македонија“. Моделот на демократија во Македонија е „етномнозинска демократија“ (со примеси на нешто што се нарекува консоцијална демократија). Етномнозинската демократија, меѓутоа, заедно со спецификите на македонското општество и, во голема мера, незнаењето на дел од македонските политичари и нивната безличност и алчност, постепено, доведе до: (1) еродирање на демократијата, (2) нестабилно владеење, (3) владеење што, всушност, се реализира преку два етнопаралелни процеси, (4) етнодиференцијација, (5) доминација на малцинството над мнозинството, (6) фрагментација на општеството и (7) девалвација на системот на вредности. Тука би сакал да нагласам дека двете доминации, доминацијата на малцинството над мнозинството и доминацијата на мнозинството над малцинството, се негативни и треба да се спречат со различни механизми. Но Преспанскиот договор, всушност, ја зацврсти доминацијата, хегемонијата на малцинството над мнозинството и принципот на паралелното етновладеење, а тоа предизвика Македонија постепено да стане де факто, иако сѐ уште не е де јуре, дел од една замислена заедница во која живеат сите Албанци.

Трета желба – посегање по културната историја на македонскиот народ

Целата колумна на novamakedonija.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •