септември 23, 2021

Николоски: Член на највисокото раководство на СДСМ ни ги даде информациите за РЕК „Битола“

Александар Николоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека информациите за криминалот и рекетот во РЕК „Битола“, за кој обвинува опозицијата, ги добиле од член на највисокото раководство на владејачкиот СДСМ.

Затоа, вели тој, власта треба да престане да ги гони лицата за кои мисли дека ги дале информациите, алудирајќи на неодамнешните претреси во домови во домовите и работните места на тројца полициски службеници, кои беа повикани и на разговор во полициска станица.

-Да им помогнам на СДСМ да престанат со овој начин на дејствување и наместо да ги гонат оние коишто наводно ги дале информациите треба да ги гонат тие што довеле да има ваков рекет од 250 000 евра, а не вака срамно да се однесуваат и да гонат луѓе, а ќе им помогнам ан начин што еве ексклузивно ќе кажам дека информациите до ВМРО ДПМНЕ не стигнаа од вработени во МВР ниту од инспектори кои гонат организиран криминал и корупција туку стигнаа од еден високо позициониран член на највисокото раководство на СДСМ којшто заради законот за заштита на укажувачи односно свиркачи не можам да го споменам со име и презиме, изјави Николоски од Охрид.

Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов поседува бројна документација и за други афери и скандали од коруптивен карактер и најавува дека ќе ги изнесат во наредниот период. И тие, вели Николоски, се добиени од лица во врвот на СДСМ.

За случајот со РЕК „Битола“, во средата партискиот лидер, Христијан Мицкоски, одржа брифинг со новинарите. Зборуваше за рекет во врска со тендер за ископ на јаглен. Случајот, како што беше посочено на брифингот, почнува во 2018 година, кога на сопствениците на битолската фирма „Рубитон“, која имала добиено тендер за ископ на јаглен, им пристапил тогашниот директорот на РЕК, Васко Ковачевски, барајќи од нив да се откажат од тендерот за сметка на фирмата „СВ инвест“. Откако ова барање било одбиено, зашто, како што објасниле од „Рубитон“, тоа правно било неизводливо, Ковачевски, како што брифираше Мицкоски, понудил друга опција – да платат 250 000 евра, во кеш, за да можат да продолжат непречено да ја извршуваат работата според договорот утврден со добиениот тендер. Ако сопствениците на „Рубитон“ не сакале нему да му ја дадат сумата, тогаш предложил парите да ги однесат во Струмица кај лицето Вице З.

Случајот бил пријавен во БЈБ и било составено известување кое на 27 февруари 2020 година, во времето на техничката влада во која партиципира и ВМРО-ДПМНЕ, е пратено до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Но, како што велат од опозициската партија, и тука се јавува сериозен проблем – постојат две верзии на известувањето. Во првата стоел делот со Вице З., додека во втората Вице З. бил изоставен.

Мицкоски да достави докази дека е направен фалсификат со известувањето за РЕК „Битола“, бара обвинителството
Ваквите наводи, пак, ги демантираа и Вице Заев и РЕК „Битола“, а реагираше и СДСМ и функционери од владејачката партија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •