септември 17, 2021

И Директорот на Македонски Железници – Транспорт си набавил Мондео – „Агент 007“

Директорот на Македонски железници – Транспорт, Аднан Азизи, набавил автомобил „Форд Мондео Титаниум“, објави Алсат ТВ. Овој модел, поради неговите карактеристики и опрема, е популарен меѓу фановите како „Агент 007“ алудирајќи на софистицираните автомобили кои ги вози Џејмс Бонд во филмовите.

Железници Транспорт и во 2021 ќе направи голема загуба, а според бизнис-планот на ова акционерско друштво во државна сопственост, таа ќе изнесува 469.582.000 денари. Претпријатието за железнички транспорт на стока и патници веќе е најголем должник и минатата година ја заврши со долг од 58,4 милиони евра.

Моделот Титаниум Форд Мондео беше набавен и од директорот и заменик директорот на Фондот за здравствено осигурување. Стево Крстевски и Фатон Ахмети потрошија околу 80 илјади евра.

Новиот автомобил може да го препознае заморот на возачот, да предупреди кога ќе се премине лентата, да се вклучи без клуч, но исто така да може да се паркира и самиот. Тендерската спогодба е потпишана на 22 април и само една компанија се пријавила на јавниот повик. Форд Мондео Титаниум има две илјади кубни сантиметри моторна зафатнина и минимални 147 коњски сили со мотор TDI.

„Договорниот орган е должен да изврши исплата на носителот на набавка во рок од 60 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на договорниот орган, на сметката и банката, за што писмено ќе го извести носителот на набавката “, стои во Договорот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •