јуни 23, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев како и во 2019 ветува нов пакет лаги за инвестиции и ја замајува јавноста со милијарди

Зоран Заев без срам и перде ветува нов инвестициски циклус, а од тој којшто го ветуваше пред две години нема ништо реализирано, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на инвестициите кои вчера ги најави премиерот.

Оттаму велат дека Заев се расфрла со нови лаги за милијарди и ги вергла истите ветувања, а тоа го прави за да ја замајува јавноста секогаш кога е фатен во криминал и корупциски скандал.

-Во август 2019 година Заев ветуваше 5 милијарди евра инвестиции во инфраструктура, патишта, железници, училишта, градинки, водоводи, пречистителни станици, енергетика, а резултатот од тоа е огромна НУЛА. Реализацијата на капиталните инвестиции во текот на целата власт на Зоран Заев е катастрофална. Единствено успеаја да го зголемат долгот за 2,5 милијарди евра нов долг и да го искачат на историски највисоко ниво од 63% од БДП. Знаејќи го Заев и оваа најава за инвестиции ќе биде нов пакет лага. Единствено успешен е во криминалот и корупцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев заедно со министрите од економските ресори вчера го презентираше Интервентниот план за инвестиции (ИПИ) за периодот 2021-2027 година во кој најави инвестиции во ски-центри, енергетиката, патната, железничката и гасната инфраструктура, во капацитети за преработка на отпад и пречистителни станици…

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •