ноември 26, 2021

Трагедија во Охрид, се удави ракометниот голман Никола Даниловски

Голманот на РК Охрид и повремен македонски репрезентативец, Никола Даниловски се удави во Охридското езеро. 

На 26-годишна возраст животот го загуби ракометниот голман на РК Охрид и македонски репрезентативец, Никокла Даниловски. Голманот исчезнал сииноќа околу 21 часот по тренингот со неговиот клуб, утрово неговото безживотно тело било пронајдено во водите на Охридското езеро. Никола Даниловски често се наоѓаше на списоците на селекторите Данило Брестовац и Кире Лазаров, покрај за Охрид претходно бранеше и за Металург и Еурофарм Пелистер.

Сподели
 
 
 
   more