август 5, 2021

Протест пред Владата: Правда за уставобранителите, беа осудени со лажни сведоци

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“ се политички монтирани. Тие бараат Врховниот суд да го поништи судењето и да има ново, оти, според организаторот на протестот, имало лажни сведоци.

Пред владата се одржува протест за поддршка и правда за осудените за насилниот упад во Собранието на 17 април 2017 година, под мотото „Правда за уставобранителите“.

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“ се политички монтирани. Тие бараат Врховниот суд да го поништи судењето и да има ново, оти, според организаторот на протестот, имало лажни сведоци.

Протестот почна пред Владата по што демонстрантите се упатија пред Собранието каде и официјално беа соопштени нивните барања. Покрај ослободување на осудените, од говорница беше побарана и оставка од Владата на Зоран Заев, распуштање на Собранието, предвремени избори и поништување на Преспанскиот договор.

Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.Протестот е во организција на македонските заедници и организации од дијаспората, а го поддржаа дел од опозициските партии меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ.Ова е втор протест во организација на македонски заедници и организации од дијаспората за поддршка на осудените за 27 април. Првиот беше на 25-ти, минатиот месец.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •