јуни 19, 2021

Претседателот на ФФМ со интересна објава најави враќање на стариот дрес (ФОТО)

Македонската репрезентација ја очекува дебитански настап на Европското првенство, настан на кој треба да играме со нова гарнитура на дресови која официјално беше промовирана во текот на вчерашниот ден.

Меѓутоа за изборот на „унифирмите“ стигнаа многу реакции од јавноста особено за првата комбинација во бордо боја, па дури се појави и петиција за враќање на стариот дрес.

Капитенот Горан Пандев исто така се огласи со објава во која го држи црвениот дрес со сонце, свој коментар имаше и најдобрата наша фудбалерка Наташа Андонова, па ФФМ по се изгледа го слушна гласот на јавноста и тоа се гледа по објавата на првиот човек Муамед Сејдини.

-Фудбалот се игра за фановите. Одиме на Европско! Напред Македонија, -порача Сејдини при што на фотографијата стои стариот домашен дрес.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •