јуни 22, 2021

Поставена табла „Благодарам Србија“ кај Табановце

Табла со зборовите „Благодарам Србија“ на српски јазик е поставена на автопатот Табановце-Куманово во знак на благодарност до соседната држава за донациите на вакцини против Ковид-19 и можноста македонски граѓани да се вакцинираат во тааа земја, објави Алсат.

Македонија во знак на благодарност че ги ослободи од плаќање патарина српските граѓани што го преминуваат Коридорот 10 на македонската територија во периодот од 15 јуни – 15 август.
Натписот е поставен од Српскиот информативен и културен центар „Спона“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •