септември 22, 2021

Заев: Компанија од Луксембург ќе собира отпад во 48 општини за најмалку 14 милиони евра годишно

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, претставувајќи инвестиционен план, кажа дека инвеститор од Луксембург побарал да селектира и да преработува отпад од комуналните претпријатија во Македонија.

– Инвеститѕор од Луксембург нуди 336 милиони евра за изградба на плазма за согорување, односно за производство на енергија од отпад. Тука се вклучени и 100 комунални возила за смет, 11 претоварни станици , 6.000 комунални контејнери и 5 километри патна делница, откри Заев.

Компанија ќе покрива 74 проценти од површината на Македонија а ќе опфаќа 48 општини.

– Комуналните претпријатија ќе имаат обврска да плаќаат по 20 евра по тон за депонирање на сметот. Ќе се собираат помеѓу 700.000 и еден милион тони годишно смет, најави Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •