август 5, 2021

Владата го повлекува Законот за легализација на дивоградбите, но ќе поднесе нов

Влада на РМ

Владата на денешната седница одлучила да го повлече од собраниска процедура Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој предизвика низа реакции во јавноста и доби вето од претседателот Стево Пендаровски.

Меѓутоа, како што најавија, ќе изработат и ќе поднесат нов закон.

Одлуката за повлекување на актуелниот предлог Владата го донела откако Министерството за транспорт и врски ја информирало дека изминатиот период организирано низа работни средби со претставници на коморите, асоцијации од областа на градежништвото и урбанизмот, граѓанскиот сектор …, кои дале забелешки на законот, но и предлози и сугестии за негово доуредување.

„Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки“,

велат од Владата.

Актуелниот предлог-закон, кој Владата денеска одлучи да го повлече од собраниска процедура, беше изгласан во Собранието на 11 мај, со поддршка од пратеници и од власта и од опозицијата. „За“ гласаа 72 пратеници, тројца беа „воздржани“, а петмина „против“.

Меѓутоа, шефот на државата одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот со образложение дека се нарушуваат темелните вредности и поттикнува на непочитување на законите, но и нуди амнестија на лица што веќе се гонат кривично за бесправно градење.

Со ветото на Пендаровски, законското решение беше вратено во собраниска процедура, а пред пратениците повторно требаше да се најде на седница на 8 јуни.https://360stepeni.mk/zakonot-za-legalizatsija-na-divogradbite-se-vraka-kaj-pratenitsite-na-8-juni/embed/#?secret=jrCOocxtX1

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •