јуни 19, 2021

Приведени двајца полициски функционери за оддавање службена тајна во аферата „Рекет во РЕК Битола“

Попладнево, како што дознаваме, извршен е претрес во домовите на осомничените функционери од МВР во кој нивните семејства биле принудени да излезат надвор од своите домови додека траел претресот. Плусинфо побара потврда од МВР за приведувањата, но се уште нема официјална информација.

Александар Јанев, поранешен началник за оранизиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран криминал се осомничени и приведени поради оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот, пишува Плусинфо.

Вице Заев, наводно, како што тврди ВМРО – ДПМНЕ барал рекет во вредност од 250.000 евра од битолска компанијата „Рубитон“ која добила тендер за ископ на јаглен.

Попладнево, како што дознаваме, извршен е претрес во домовите на осомничените функционери од МВР во кој нивните семејства биле принудени да излезат надвор од своите домови додека траел претресот. Плусинфо побара потврда од МВР за приведувањата, но се уште нема официјална информација.

Случајот во МВР, го пријавиле ошетените сопственици на компанијата, но според тврдењата на опозициската партија, во пријавата мистериозно исчезнало името на Вице Заев, осомничен за рекетот. Според ВМРО-ДПМНЕ, наводно во времето на Васко Ковачевски власта вршела притисок и закани врз бизнисмените, сопственици на компанијата „Рубитон“, за да ја отстапат работата за ископ на јаловина која ја добиле на тендер во корист на СВ Инвест или да дадат 250.000 евра во кеш на Вице Заев, во хотелот „Вила парк“ во Струмица.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вчера достави до Обвинителството за оранизиран криминал документи со кои, според него, се докажува криминалот со државни тендери во РЕК Битола во времето на Васко Ковачевски, но и притисокот и заканите што ги вршел Вице Заев врз бизнисмените Васко Василев и Јани Радивчев, сопственици на Рубитон.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •