јуни 21, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Нема лекови, амбулантни возила и вакцини, а директорите на Фондот за здравство купуваат луксузни возила

Однародената власт на Заев наместо инвестиции во здравството парите ги троши за луксузни возила. Во време на економска, но пред се здравствена криза директорите на Фондот за здравствено осигурување купуваат две лимузини, односно едно возило од 82.600 евра и второ од 41.300 евра. Бесрамно и бесчуствително, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Здравството ни функционира со донации, а граѓаните се лекуваат преку собирање пари со СМС пораки, ама затоа директорите назначени од Заев купуваат за лични удопства. Додека во Македонија нема доволно амбулантни возила, власта набавува 45 службени возила за функционерите.

Додека нема доволно лекови, инсулин и клексани по аптеките , власта аздисува со народни пари. Додека се кубури со вакцини, функционерите од власта на Заев го трошат буџетот безмислосно.

Следниот пат кога граѓаните ќе видат апел за собирање на средства за лекување, или кога нема да можат да дојдат до лековите и терапијата, ќе се сетат дека директорите именувани од Заев парите ги потрошиле за нови возила и за луксуз. Ова мора да престане, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •