јуни 19, 2021

Јаким Неделков: Наставници не добиле додаток на плата, 50-тина училишта пред штрајк

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, вели дека 50-тина училишта ширум земјата би можеле да влезат во штрајк, поради тоа што наставниците кои вршат настава со физичко присуство не добиле додатоци на плата.

Наставниците од прво до трето одделение кои одржуваат настава со физичко присуство не добиваат додатоци на плата, а имаат двојно повеќе часови со оглед на тоа што големите паралелки се поделени во две групи. Поради тоа, еден час се одржува два пати.

Неделков вели дека Министерството за образование доставило средства за оваа намена до општините, но некои од нив не им ги префрлаат на училиштата. Како што најавува првиот човек на СОНК, веќе има една официјална најава од основно училиште од Куманово, но најверојатно ќе се придружат и останатите од овој град. 

-За жал по сите наши информации кои доаѓаат и од синдикалните организации и од општините, наводно нема средства за тоа и од таа причина не се исплаќа. Впрочем, нас не треба да не интересира дали има или нема. Нас не интересира да се почитуваат Законите во државата и да се исплатат наставниците и сите оние други коишто имаат зголемен обем на работа, рече Неделков.

Тој е незадоволен и од Државниот инспекторат за труд, до кого биле поднесени преставки.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •