ноември 30, 2021

Улица во Рим „голтна“ автомобили (ФОТО+ВИДЕО)

Во Рим вчера се отвори асфалтот на една од главните улици, а два автомобили останаа заглавени во дупката, јавија италијанските медиуми.

Пропаѓањето на асфалтот се случи во римската населба Торпињатара, на патот од Цасилина до Џовани маџија.

Локалната полиција го затвори патот, односно она што остана од него, па возилата во текот на денот не можеле да го користат.

Според информациите, пропаѓањето се случило поради дефект во цевките под земја, а блиска гаража била поплавена во тој период.

Пожарникарите соопштија дека дупката била длабока околу два метри, а широка 12 метри.

Уплашените жители од овој дел претходно ги предупредувале локалните власти за проблемот со цевките, но немало одговор, што резултирало со незгодата.

Сподели
 
 
 
   more