Има штети од невремето кое ја зафати источна Македонија

Невреме денеска зафати делови од источна Македонија.
Невремето предизвика голема штета на повеќе локации во Пијанечко-малешевскиот регион. Во Берово градскиот пазар е целосно е под вода, а во Делчево е опожарен помошен објект од куќа.
„Во пожарот интервениравме со три возила и осум пожарникари. Не дозволивме да ја зафати куќата во близина, ниту останатите околни куќи“, вели Миле Тодоровски од ТППЕ Делчево, јавува новинската агенција МИА.
Претходно невремето кое го зафати Малешевскиот регион предизивика штета и на повеќе овоштарници во пехчевскиот крај. И во регионот денеска имаше врнежи од дожд кои го попречија сообраќајот.
Сподели