септември 28, 2021

Јадна Македонијо, вака ли се гледаат сопствените деца…

Владата ќе финансира 2.7 милиони за електронски картички за српските државјани да не плаќаат патарини. Дека нели, по регистрацијата не можеме да го познаеме!

Во меѓувреме:
-Во забитов одвај рефундираат клексани, ксарелто си го кешираме како попчиња со години наназад. Бесплатно здравство, мај ес.
-Платите се мизерни во секој сектор освен тој што е недостапен за обичните смртници, криминалниот. Работа со достојна заработувачка, само ако коленичиш пред нечие мало…
-За да отидеш на било каков специјалист, мораш да имаш докази дека си светско чудо или не важи. Кога ќе отидеш пак, најчесто те среќава чудесија со купено работно место и уште толку ти го дозаебува здравјето изгубено од стрес. Немаш пари да се лечиш ама немаш пари ни да умреш, па се молиш да преживееш барем и ќутиш не се жалиш. Скришно тргаш петденарки дека големите се тоа нели, барем за раздавци да има.
-Образованието отиде во бестрага со Кембриџ системот, а дада Мила се осигура дека нема шанси да го види светлото на крајот на тунелот. Сето тоа секако, на товар на децата и родителите здравствено, финансиски и емоционално. Тоалетите во училиштата се полоши од јас кога бев основец пред 30 години.
-Вакцини за сите кои и така треба да си се пазат дома, ние младите и работоспособни не фала. Паралелна вакцинација, божемесачувај. Хронично болните, лесна им земја фини луѓе беа.
-Храна, сметки и лекови за петточлено семејство со хронични здравствени проблеми, 50 000 денари. Месечни примања 25 000 денари, за остатокот треба и банките да живеат де! (Поврзи го муабетот до точка три, ван тоа што не си доволно здрав да живееш, пресиромашен си и да умреш па децата да ти враќаат долгови)
-НВО ги троши нашите пари, односно ни свири музика на која играме по ритамот на европското знаменце, стратешкиот партнер и останатите дискриминирани малцинства. Дискриминирани се од неуките, кои по дома ги научиле како да мразат.
-Додадете што сакате, нема да згрешите.

Автор: Елена Макаловска Јовевска

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •