ТУРИСТИТЕ ОД СРБИЈА ЛЕТОВО НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАТАРИНА САМО НА КОРИДОРОТ 10, ТИЕ ШТО ЌЕ ОДЛУЧАТ ДА ЛЕТУВААТ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЌЕ СИ ПЛАТАТ

од 15 јуни до 15 август српските туристи нема да плаќаат патарина на коридорот 10 низ земјава во знак на благодарност на нашиот северен сосед за донацијата на вакцини во најкритичниот период од корона кризата.
Секое возило од Србија ќе добие по 760 денари на смарт картичка колку што чини транзитот по коридорот 10.
Македонија обезбеди 2,9 милиони евра за производство на бесплатни картички. Според пресметките од претходните години се очекува да поминат околу 200.000 српски патници.
Сподели