октомври 22, 2021

Лукашенко: Ја преминавте црвената линија

Денес претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги обвини „злонамерниците“ за обид за задушување на Белорусија, пренесе агенцијата „Белта“.

Тоа се неговите први јавни коментари по присилното слетување на патнички авион и киднапирањето на новинарот Роман Проташевич, што предизвика протести од меѓународната заедница.

Лукашенко ја бранеше одлуката за приземјување авион на компанијата „Рајанер“ и ги обвини критичарите дека ја преминале црвената линија затоа што го отфрлиле здравиот разум во нивните напади врз Белорусија.

Тој рече дека Западот одбил да учествува во истрагата на инцидентот со авионот и истакна дека неговата земја постапила во целосна согласност со законот со цел да ги заштити луѓето според меѓународното право.

Лукашенко рече дека заканата од бомба поради која авионот слетал во Минск пристигнала од Швајцарија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •