јуни 21, 2021

СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт крадеше и го задолжуваше народот

„Партијата која кога беше на власт 11 години крадеше и го задолжуваше народот за да гради луксузна бела палата од каде денес шири лажни вести, да гради споменици кои се распаѓаат и за да се богати партиското раководство, нема кредибилитет да зборува за економија. ВМРО-ДПМНЕ е партија која и во опозиција се противеше и ја кочеше финансиката поддршка за граѓаните и стопанството и правеше се’ за парите да не стигнат таму каде што се најпотребни. Нивните функционери јавно се противеа на концептот парите назад кај граѓаните, се противеа и на покачувањето на минималната плата“, реагираат преку соопштение од СДСМ.

Од таму додаваат дека во најтешкиот период од пандемијата од Ковид-19, преку дополнителната заменичка министерка за финансии, ВМРО-ДПМНЕ со месеци кочеше заем од Светска банка, пари наменети за инвестиции во здравството и за помош на најранливите.

Владата предводена од СДСМ се соочи и со враќање на долгови направени од ВМРО ДПМНЕ за Скопје 2014, напоменуваат од СДСМ.

“Немаме за леб, трошиме на чоколадо”, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон парите на граѓаните кој и денес не е променет. Денес, парите одат кај граѓаните. Во домаќинствата и во компаниите преку пакетот мерки во време на пандемија директно се вбризгани над 65 милијарди денари. Македонска економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст и тоа го потврдуваат сите економски податоци“, посочуваат од владејачката партија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •