септември 15, 2021

Кајакарење по Црн Дрим, нешто што вреди да се доживее

Приказните на Кајак.мк се почесто се испишуваат покрај вода. Доаѓа лето, а со тоа и желбата да се скокне во вода и да се ужива на топлото сонце. Пандемијата полека и сигурно ја губи битната, а нашиот тим се надева дека до крајот на ова година работите ќе бидат вратени во нормала.

Истата надеж ја делат и сите останати кои се занимаваат со туризмот и угостителството. Сечија приказна која беше паузирана од пандемијата ни се враќа во живот.

Таква е и приказната на Коста Хиохи. Човекот кој на туристите им го преставува Црн Дрим во најдобро светло. Коста живее и расте во Струга. Дел од својот живот го поминува во Романија, каде студира на факултетот за физичко образование и спорт со отсек за пловни спортови како кајак, кану, веслање и едрење.

Уште од мали нозе се заљубува во овие водени спортови, а во со тек на време започнува да брани тутулата како национален првак, најпрво во пионерска, кадетска, јуниорска, а по кратко време и во сениорска конкуренција.

Во 2001-та година ја преставува Македонија на светското првенство во Познан, Полска, а потоа и на Европското првенство во Милано, во Италија.

Коста вели дека со самиот факт што живее покрај вода, некако природно приспапува во клупскиот хангар во 1989-та година.

Денеска, тој покрај тоа што професионално се занимава со спортот, организира и тури за сите заинтересирани туристи. Неговото спортско друштво Соларис од Струга постои од 2009 година. Формирано е на иницијатива на неколку ентузијасти, љубители на прироадата и спортските активности кои можат да се реализираат на отворено. Целта на формирањето на клубот била подобра афирмација на потенцијалите кои ги има градот Струга во поглед на спортскиот туризам но пред и се споделувањето на убави мигови во природа со оние кои од различни причини не се наканиле да спортуваат.

Така доаѓаат до идеја да организираат велосипедски планински маратон, чисто од социјални и хигиенски побуди кој го нарекуваат „Бела ди Супра“ по влашкиот назив за селото Горна Белица од каде започнувал маратонот.

Идејата да се организира кајакарска тура под мотото „Спорт за сите“ е лично на Коста, се со цел да најде интересен начин да ја промо

„Црн Дрим е прекрасна река која по своето течение плени со својата убавина. Она што го гледаме во градот каде реката е вкоритена со камени плочи по кејот е сосема различно кога сме надовр од него, вели Коста. „Наеднаш се наоѓате во една сурова средина онаква каква што ја создала природата која ви дава импресија дека сте во некоја прашума. Кајакарската тура поминува покрај селата Враништа, ложани, Дабовјани, Ташмаруништа, месноста Теснец, Бигор се до селото Глобочица. Она што е посебно интересно е дека се весла над старото потопено село Глобочица кое во 1963-та година е целосно потопено поради изградбата на истоимената електрана. При самото кајакарење групата се среќа со прекрасна флора и фауна, специфични видови кои исчезнале од градот со процесот на мелиорација, чапји, корморани, видри, речни желки и слично додава тој.

Коста е особено горд што ова авантура за само 6 месеци ја искусиле преку 400 ентузијасти, а бројката секојдневно се зголемува, што е нивен поттик да ја збогатуваат соодржината.

Минатата година за првпат организирале кајакарскиот маратон „Весламе за ретките“ во знак на поддршка на лицата со ретки болести и планираат овој настан да стане традиција која во годините што следат ќе прерасне во важен спортски настан.

Повеќе инфо за кајакарењето со Коста, може да најдете со еден клик ОВДЕ

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •