септември 28, 2021

Д-р Пановски: Голем срам доживеа државата со антибиотиците, токсични лекови се даваа на здрави луѓе

Требаше државата кога виде дека премногу „креативно“ се лекуваат луѓето, не се почитуваат протоколите, да се испрати писмен допис, не може во една болница во Скопје да се дава ивермектин, а во друга да не се дава.

Д-р Никола Пановски во гостувањето на ТВ 24 упати критики кон државата за состојбата со антибиотиците за време на пандемијата на ковид-19. Според него, веќе имаме постигнато колективен имунитет.

– Почнува да се собираат луѓе и во затворен простор, до сега оптимистички е дека има паѓање на бројките. Има колективен имунитет некаков, изненаден сум колку брзо третиот бран отиде надолу. За жал бројот на починати паѓа многу споро. Добро е што луѓето не се собираат во затворен простор. Друго објаснување освен колективен имунитет не можам да најдам. Овој пролетен бран беше посилен, меѓу 60 и 70 отсто од луѓето биле во контакт со вирусот, пред се млади луѓе. Требаше државата кога виде дека премногу „креативно“ се лекуваат луѓето, не се почитуваат протоколите, да се испрати писмен допис, не може во една болница во Скопје да се дава ивермектин, а во друга да не се дава. Голем срам доживеа државата со антибиотиците, токсични лекови се даваа, забранети, и никаква реакција, освен јас и уште неколку доктори, се даваа лекови и кај здрави луѓе. Другите аспекти треба да ги испитаат – истакна Пановски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •