јуни 21, 2021

ДИРЕКТОРИТЕ НА ФЗОМ СЕ ПОДНОВИЛЕ СО ДВЕ ВОЗИЛА ЗА 82.600 ЕВРА

Директорите на Фондот за здравствено осигурување се подновиле со две возила „форд мондео титаниум“, за што биле издвоени 82.600 евра, или едно возило било набавено по цена од 41.300 евра

Според податоците објавени на Бирото за јавни набавки, договорот за набавката бил склучен на 20. мај, помеѓу „Ми–Да Гранд Моторс“ и двајцата директори на Фондот, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

На тендерот учествувала само една компанија, а како критериум за избор е наведена најниска цена.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •