август 5, 2021

Свечено одбележан Свети Кирил и Методиј со учениците во Швајцарија

По повод 24 Мај Свети Кирил и Методиј , сесловенските просветители и европски заштитници , учениците по македонски јазик од Женева и Веве во Швајцарија приредија свечена приредба.

И покрај сите здравствени услови кои се на сила во моментот, големата желба и морална воспитна обврска на сите инволвирани , родители , ученици и наставници , допринесе за успешно одбележување на овој мошне значаен датум за македонската и словенска писменост .

Посебно за истакнување е ангажираноста на наставничката од Веве, каде за минимум време успеа да ги подготви штотуку запишаните нови ученици.

И покрај сите тешкотии и препреки од најразлична природа поврзана со (не)испраќање на наставник од Македонија веќе две години, Македонците во Швајцарија сепак успеват да изнајдат решенија во најкритичните моменти по тоа прашање .

Светата мисија на солунските браќа Кирил и Методиј за просветување и создавање азбука и сопствен јазик за преточување на мислите , наоѓа своја плодна подлога кај сите Македонци каде и да биле во светот .

Нека ни е среќен и честит за векови овој ден и светата мисија за изиучување на македонскиот јазик биде непрекинато продолжение на делото на солунските браќа.

Да живее Македонија!

Унија на Македонските училишта во Швајцарија

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •