ноември 27, 2021

Од 1-ви јуни најверојатно ќе можеме на отворено да шетаме без маски

Од 1 јуни маските нема да бидат задолжителни на отворен простор, дознава „Фокус“ од извори од Министерството за здравство. Според информациите, ова се должи на подобрената епидемиолошката состојба во земјава, бројот на новозаразени и хоспитализирани лица се намалува, па оттука Комисијата за заразни болести најверојатно ќе предложи укинување на оваа мерка.

Министерот за здравство, Венко Филипче оцени дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Според Министерството за здравство, прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а само вчера се вакцинирале 4.148 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

Сподели
 
 
 
   more