август 5, 2021

Државно – црковна делегација се поклони на гробот на Свети Кирил

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи соопшти дека утрово на празникот на сесловенските и македонски просветители Св. Кирил и Методиј во Ватикан македонска црковно-државна делегација имаше поклонение на гробот на Св. Кирил.  Со молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Св. Климент” чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен.

Делегацијата во која учествуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција Стојан Витанов и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова, присуствуваше на молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Св. Климент” со кој чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Епископот Стобиски г. Јаков и свештеници на Европската епархија на Македонската православна црква- Охридска архиепископија, информира Комисијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •