септември 23, 2021

Македонија има само двајца дипломати во Москва, Русите на мака кого да испратат дома

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, преку својот фејсбук-профил откри дека денеска македонското Министерство за надворешни работи испратило информација дека се надева дека Москва нема да испрати ниту еден македонски дипломат дома затоа што Македонија во Русија има само двајца дипломати.

На фејсбук Захарова пишува дека на 14 мај Македонија спроведе непријателски чин против руската дипломатска мисија. Властите на Македонија за персона нон грата прогласија еден од руските дипломати. Вчера руското Министерство за надворешни работи ги осуди ваквите активности и најави дека ќе следат одмазднички мерки.

„На ова денеска, Министерството за надворешни работи на Република Македонија одговори дека само двајца нивни дипломати работат во Русија и во Скопје се надеваат дека Русија нема како дел од тие одмазнички мерки да испрати ниту еден од двајцата дома. Прашање. На што мислеше Скопје кога ја донесе одлуката за протерување на рускиот дипломат? Или пак сме поканети да испратиме други дипломати дома, наместо нивните, кои се малку“, напиша Захарова.

На 18 мај македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека „согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Македонија. Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Република Македонија во рок од седум дена“, пишува во соопштението од МНР од 18 мај.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •