октомври 20, 2021

Ќе не здрма поскапа струја – државните фирми бараат двојно зголемување на цената

Се поизвено станува поскапувањето на струјата.

Според информации на Сител, Мепсо ќе бара двојно зголемување на цената за преносот кој го врши.Advertisement

Од компанијата посочуваат дека причината за 100 процентното поскапување се намалените приходи по основ на прекуграничните преносни капацитети и новите правила за балансирање кои се во согласност со ЕУ регулативите. Уделот на Мепсо во крајната цена на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните е најмал и изнесува 3, 5 проценти, најголемо учество има ЕСМ 43 отсто, потоа следи Електро дистрибуција со 36 проценти и обновливите извори со 7,3 отсто.

Енергетските компани веќе ги имаат доставено пресметките за трошоците до регулаторната комисија која треба да одлучи што е прифатено а што не како трошок. А следниот месец и државните електрани треба да понудат нова цена на тендерот на ЕВН ХОУМ по која ќе ја продаваат произведената струја.AdvertisementAdvertisement

Нова корекција на цената на електричната енергија ќе има до крајот на јули. Лани поскапе за 7,4 проценти на барање на државните енергетски компании.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •