ноември 30, 2021

Учениците ќе развиваат идентитет на „граѓани на Република с****** Македонија“

Министерството за образование и наука ги усвои наставните програми за прво и четврто одделение според новата концепција. Наставните програми веќе се објавени на сајтот на Бирото за образование и наука.

И предметот кој предизвика најголеми несогласувања во јавноста, сега наречен „Историја и општеството“ ја доби новата наставна програма за четврто одделение. Наставната програма има три теми кои ќе ги обработуваат учениците:

-Моето опкружување
-Средината во која живеам
-Мојата држава

Една од работите кои ученикот треба да ја разбере и прифати е дека:

Националниот идентитет, кој произлегува од припадноста на државата Република с****** Македонија, е битна компонента на идентитетот на сите граѓани на државата.“, како и дека:

„Секој има право да избере која религија ќе ја смета за своја, односно да избере да не припаѓа на ниту една религија/вера, без да има последици од направениот избор.

Кога ќе се стигне до темата „Мојата држава“, според програмата, учениците треба да развиваат идентитет на „граѓанин на Република с****** Македонија“.

Предвидени резултати од учењето на оваа тема се:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/способна да:
1. ги наведува и опишува важните настани од минатото кои се значајни за создавањето на современата македонска држава,
2. го идентификува Скопје како главен град и ги опишува неговите карактеристики,
3. прави разлика меѓу најзначајните државни институции,
4. го објаснува мултикултурниот/мултиетничкиот и граѓанскиот карактер на државата.

Ученикот/ученичката ќе развива:
5. почитување за различните етнички заедници кои живеат во Република Македонија,
6. идентитет на граѓанин на Република Македонија.

Според ваквата поставеност произлегува дека националниот идентитет на луѓето кои живеат во Македонија е „граѓани на Република с****** Македонија“, а не Македонци (како национална припадност, не етничка). Македонците се сведуваат на етничка заедница.

Сподели
 
 
 
   more