јуни 21, 2021

Предизвик до сите Македонци – број 4

21 мај 2021
Денес ќе се надоврземе на последната објава од 19 мај 2021 каде беше објавено дека во Соединетите американски држави, македонскиот јазик бил признат и користен како мајчин јазик уште во 1899 година.


Имено, како потврда на горната објава ќе ги претставиме упатствата за попишувачите наменети за пописите во САД за 1920 и 1930 година (во оригинал „Instructions to Enumerators”, чија насловна страна ја приложуваме).


И во двата следователни пописи, упатствата имаат список на „Главни странски јазици“ (во оригинал – Principal foreign languages) кои попишувачите можат да ги впишат во пописните обрасци. Од јазиците кои се користеле од страна на балканските доселеници, вброени се албанскиот јазик, бугарскиот, хрватскиот, грчкиот, македонскиот, црногорскиот и српскиот јазик (во прилог може да се види и оригиналниот назив на јазиците – Albanian, Bulgarian, Croatian, Greek, Macedonian, Montenegrin, Serbian).


Пописните податоци за 1920 година можат да се најдат на https://www.census.gov/history/pdf/1920instructions.pdf и на http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1920.shtml, додека за 1930 година на http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1930.shtml.


До следната објава,
Драги Стојковски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •