ноември 28, 2021

Американски институт: Македонија има двојно повеќе починати од Ковид од пријавените

Македонија е на шесто место според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19 во однос на населението. Албанија е на четвртото место, по Азербејџан, Босна и Херцеговина и Бугарија. Според извештајот на американски институт за процена на здравјето „Health Data“, Македонија пријавила двојно помалку починати од Ковид од реалната бројка.

-Податоците ги објави „Health Data“, американски институт за процена на здравјето. Според извештајот, Албанија има вкупно 529 смртни случаи на 100 илјади жители, за периодот март 2020 година до мај 2021 година и е рангирана на четвртото место меѓу 20-те земји со најголема реална смртност од Ковид-19, пренесува агенцијата Балкан веб.

По Албанија е Мексико (478 смртни случаи на 100 илјади жители), следат Република Македонија (482), Белорусија (472), Романија (465), Казахстан (459), Перу (447).

-Според извештајот, Албанија има околу шестпати повеќе смртни случаи од официјално соопштените, рангирајќи се повторно меѓу земјите што имаат најниска стапка на официјални декларации во однос на вкупната бројка смртни случаи, по Белорусија и Азербејџан. Во Република Македонија, односот е два, додека во Црна Гора е 1,4, наведува агенцијата.

Според албанскиот државен завод за статистика ИНСТАТ, од април 2020 година до март 2021 година имало околу 9.300 смртни случаи повеќе во споредба со истиот период од претходната година, кога вирусот не беше присутен. (за истиот период, официјално има 2.423 смртни случаи од Ковид).

Македонија заклучно со вчерашниот ден има пријавено 5. 265 смртни случаи како последица од Ковид компликации.

Сподели
 
 
 
   more