јуни 23, 2021

Мијалков останува во притвор, судот ја одби гаранцијата

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, останува во притвор бидејќи кривичниот совет во Основниот кривичен суд во Скопје ја одби понудената гаранција од 10,8 милиони евра.

Советот смета дека, и покрај понудената гаранција, сè уште постои опасност тој да избега.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција, по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство за уважување на предлогот за укинување на мерката притвор со замена – гаранција, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива како неоснован. Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сè уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор, имајќи ги предвид видот и карактерот на кривичните дела, како и висината на изречената казна“,

велат од судот.

Мијалков издржува мерка притвор за случајот „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на 8 години затвор.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •