септември 23, 2021

МАНУ предлага зголемување на даноците за да се намали јавниот долг на државата

Даноците на доход и имот да се зголемат а непродуктивните трошоци на Владата да се скратат – ова се главни препораки на академиците за да се избегне финансиска нестабилност и да се скроти растот на јавниот долг.

Академик Таки Фити препорачува да не се чепка ДДВ-то за да не се удри врз најсиромашните, а борбата против сивата економија и даночната евазија да се зсили. Предупреди дека постојат ризици од нова рецесија која дополнителн би ја исцедила буџетската каса па затоа се потребни издржливи политики.

„Јас сум за тоа да има прогресивно оданочување, но кај персоналниот данок на доход. Јас сум против прогресивно оданочување на фирмите. Веќе има определено зголемување на даноците на имот, што е оправдана мерка и евентуално треба да се размисли во иднина дали ќе имаме еколошки даноци и што ќе значат тие од аспект на зголемување на даночниот товар. Но – делумно преку зголемување на даноците а повеќе преку другите мерки.“вели Таки Фити, академик.

Веќе е познато дека Владата планира да воведе три пати поголем данок на имот за сите кои имаат повеќе куќи, станови или земјиште а не го користат или изнајмуваат.Контурите на мерката остануваат непознати.

„Веќе имаме усвоено стратегија за реформите во даночниот систем за кои се започнати јавни расправи и во однос на зголемување на ефикасноста на овој систем и прибирање на приходите.“изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.

За инфлацијата и раст на цените на основните продукти Фити увери дека не треба да се стравува од продлабочување на ценовниот шок. Она што и двајцата го потенцираа е дека економијата целосно ќе се опорави догодина.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •